Сиpoмаштија: ЈП Државни патишта најавува дополнителни рестрикции поради штедење струја

t

Јавното претпријатие „Државни патишта“ објави дека започнува следна фаза на максимално дозволена рестрикција на осветлувањето на регионалните и магистралните патишта, а дека соодветно осветлување ќе има само во тунелите.

Во насока на растеретување на енергетскиот систем од недостиг на електрична енергија во Македонија, а согласно со Уредбата на Владата од 30 октомври 2021 година со која се предвидува минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава, која ги опфаќа и патиштата, Јавното претпријатие за државни патишта започна со рестрикција на осветлувањето на државните патишта, објави претпријатието кое ги гради и одржува автопатите и експресните патишта.

Оттаму додаваат дека осветлувањето започнало со намалување уште во ноември 2021 година, но дека сега започнува нова фаза на рестрикции.

Во време кога државата се соочува со предизвикот на решавање на енергетската криза сакаме да ја известиме јавноста дека Јавното претпријатие за државни патишта започна постапка за дополнително етапно спроведување на максимална рестрикција на осветлувањето поставено на државните патишта, притоа запазувајќи ја безбедноста на сообраќајот во ноќните часови. Рестрикции на осветлувањето нема да се вршат во тунелите на државните патишта во Македонија, велат од ЈПДП.

Преторијатието ги повикува корисниците на патиштата да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот и да бидат внимателни заради нивна безбедност и безбедоста на останатите учесници во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ и денеска произведе 100% од потребната…

АД ЕСМ на 29.10.2022 година произведе 11.415…

2,8 милиони евра заштеда кај 40 фирми…

2,8 милиони евра заштеда кај 40 фирми…

АД ЕСМ и вчера целосно ги задоволи…

 АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден…

ЕСМ: Произведена струја за 100% задоволување на…

АД ЕСМ на 22.10.2022 година произведе 12.040…

Повеќе од милион и пол Украинци останаа…

Повеќе од еден и пол милион корисници…