Економијата расте на хартија, сиромаштијата расте во реалноста
Економијата расте на хартија, сиромаштијата расте во реалноста, реагираат од Левица.
– Додека власта си мери економија во проценти, народот мери со празни паричници и недостижна потрошувачка кошничка. Додека од една страна Мицкоски и неговите министри серкојдневно зборуваат за позитивни трендови и раст на економијата, од друга страна зголемената сиромаштија, ниските плати и растечките цени не претставуваат позитивен тренд за работникот, пензионерот, студентот.
Инфлацијата и понатаму го јаде животниот стандард. ММФ прогнозира инфлација од 3,4% за оаа година. Невработеноста кај младите останува проблем број еден. Растот е со намалена надворешна побарувачка, трговската несигурност на ЕУ дополнително се заканува на извозот.
Светска Банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија од само 2,6%, што е најмал раст во Западен Балкан за оваа година, а е далеку од амбициозната владина прогноза од 3,7%, која министерката за финансии ја нарекува „реална“.
Левица бара економија по мерка на граѓаните, не на елитите:
-Системска поддршка на домашното производство наместо потпирање на странски компании со државни субвенции;
-Намалување на ДДВ за основни продукти и електрична енергија;
-Зголемување на минималната плата на 500 евра;
-Системска помош за сиромашните и невработените, наместо лажна слика за раст. – соопштија од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…
Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…