Скандалозна изјава на директорот на АХВ, Бабовски контра цела Влада: Храна ќе има, ама народот може да остане гладен заради високите цени

t

Храната ќе ја имаме, но може да се случи народот да биде гладен поради високи цени, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Зголемувањето на цената на прехранбените производи од животинско потекло, посочи дека е поради тројно повисоките цени за храната за животни на светските берзи.

-Веќе има повик од Министерството за земјодлество за нови концесии, за да не остане необработено земјоделското земјиште, а и храната да биде безбедна, рече Бабовски.

Инаку, Агенцијата за храна и ветеринарство пред велигденските празници врши засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца.

– Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи на пазарот неможат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира узвозот на храна, преку мониторинг програма за секојдневна контрола, изјави Бабовски.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цистерни со вода, храна и гориво влегуваат…

Израелските власти објавија дека четири цистерни со…

Повеќе од 200 лица се отруле со…

Основниот суд во Ѓаковица, Косово, му одреди…

Големо поскапување на храната во Македонија минатиот…

Еуростат евидентира големо поскапување на храната во…

Владата со одлука забрани акции и промоции…

Владата на денешната 185 седница, на предлог…

Москва: Невозможно е да се нахрани планетата…

Без руски производи е невозможно да се…