Скандал: Лекар фалсификувал документи за пациентите да можат да земат боледување: Се уште не е санкциониран

t

Повеќе од 1.700 општи матични лекари се официјално регистрирани во државата од кои сите работат по одредени правила, кои ги поставува Фондот за здравство. Сепак, многумина од нив „скршнуваат“ од тој пат на поставени правила и влегуваат во шеми, кои се надвор од законот, па издаваат лажни боледувања и фалсификуваат дијагнози…

„Фокус“ располага со документи во кои може да се забележи како  матичен лекар од општа приватна ординација фалсификува дијагнози и извештаи дадени од други лекари  со цел да овозможи лажни боледувања на дел од своите пациенти.


Овој скандал, кој го тресе јавното здравство почнува да се „истражува“ од 2020 година наваму, односно во тој период е алармирано за првите незаконски дејствија, кои ги прави лекарот, чиј идентитет и е познат на редакцијата.

Целата приказна почнува откако пациенти бараат од својот матичен лекар да им даде боледувања, кои според документите кои ги поседуваме, ниту се болни, ниту имаат лекарска дијагноза, ниту болнички истории, но едноставно во договор со лекарот остануваат 15 дена дома, па понекогаш и по цел месец, во зависност од потребите. Останува нејасно прашањето – што добива со тоа матичниот лекар, кој ги извршува незаконските дејствија?

ЛЕКАРОТ СЕ УШТЕ РАБОТИ ТУРБО

Нашите извори ја објаснуваат целата приказна, поточно тие уште  тврдат дека тој влегол во системот „Мој термин“, преку кој сите лекари ги закажуваат своите пациенти и од друг лекар преземал рентгенска снимка на гради, го сменил името на пациентот на кој била снимката и врз основа на документот кој го фалсификувал  го издал боледувањето на негова пациентка. На редакцијата, исто така и се познати и имињата на пациентите, но сепак одлучивме да останат анонимни.

Но, тоа не е се. Истиот тој лекар го правел тоа и со фалсификувани лабораториски наоди. Како што се наведува во документите, секој пациент има право да добие боледување од 15 дена од својот матичен лекар, а ако има потреба од повеќе за тоа одлучуваат двете фондовски комисии.

Во таков случај, општиот лекар ги злоупотребувал и факсимилите на лекарите, кои веќе и не биле во комисиите за да го продолжи боледувањето и до еден месец. Тоа се потврдува и во документ на ФЗОМ каде се наведени двете имиња на лекарите, кои во периодот кога биле издадени боледувањата повеќе не биле членови на ниту една од комисиите.

Од друга страна, до Државниот санитарен и здравствен инспекторат стигнала преставка да се изврши проверка на веродостојноста на повеќе издадени извештаи за привремена спреченост за работа за лица вработени во оваа институција.

Тие веднаш извршиле вонреден инспекциски надзор, каде ја откриле шемата што ја прави матичниот лекар од Скопје.

„ ДСЗИ е запознаен со случајот и во два наврати изврши вонредни инспекциски надзори во ПЗУ Ординација по општа медицина. Првиот инспекциски надзор е  реализиран во февруари, 2021 година по добиено известување од ФЗОМ на РСМ за неправилности во работењето на здравствената установа по однос на издадени боледувања“, се наведува во изјавата од ДСЗИ за Фокус.

Сепак, тие не застануваат тука, па одат чекор понатаму и поднесуваат кривична пријава до Основното јавно обвинителсто на 29 март, 2021 година и против матичниот лекар и против ординацијата, со која раководи.

Од Обвинителството, пак во изјава за „Фокус“ тврдат дека предметот е во предистражна постапка.

„Надлежниот јавен обвинител веднаш по приемот и проучувањето на кривичната пријава, на 05.04.2021 година издаде наредба до МВР-СВР Скопје за обезбедување податоци неопходни за да се утврди фактичката состојба. По наредбата се постапува“, велат од ОЈО.

Со случајот се запознаени и од Фондот за здравство, од каде потврдија дека при контрола на лекарот и неговата ординација се утврдени неправилности во издавањето на боледувањата.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

С*екс скандал во Хрватска: Политичари испраќале експлицитни…

Хрватски „Вечерњи лист“ дошол до експлицитни пораки…

Скандал во Британија: Пратеник гледал пронографски материјали…

Британскиот конзервативен пратеник Нил Периш е суспендиран…

(Видео) СКАНДАЛ: Роналдо удри момче со аутизам…

Најголемата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо…

Нови скандали излегуваат на виделина: Филипче договорил…

Поранешниот министер за здравство од владата на…

(Видео) Голем скандал ја тресе Франција: Макрон…

Државен скандал ја тресе Франција откако претседателот…