Кривична пријава за несовесно работење и фалсификување за вработен во МВР
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против З.Л., самостоен инспектор во Регионален центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата” и „посебни случаи на фалсификување на исправи”.
Пријавениот, во својство на претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност на РЦ Југ и РЦ Запад, во два наврати пропуштил во законски предвиден рок да спроведе дисциплински постапки против една вработена, при што на одлуката со која се прекинува постапката за утврдување на дисциплинска одговорност против вработената го фалсификувал потписот на заменик член на комисијата. Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и пријавениот ќе биде отстранет од своето работно место до завршување на постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…