СКАЈП ЗГАСНА ДЕНЕСКА, СВОЕВРЕМЕНО ИМАЛ СТОТИЦИ МИЛИОНИ КОРИСНИЦИ

По 22 години поврзување луѓе низ целиот свет, Скајп денеска престана да функционира, што претставува крај за еден од пионерите на интернет комуникацијата. „Мајкрософт“ го најави ова на крајот на февруари, повикувајќи ги корисниците да се префрлат на апликацијата Тимс.
Лансирана во 2003, Скајп не беше првата платформа која им овозможи на луѓето бесплатно да комуницираат преку компјутер, но помогна да се популаризира. Скајп беше купен од „Мајкрософт“ во 2011 за 8,5 милијарди долари, што беше неговата најголема аквизиција дотогаш. Оваа апликација во тоа време имаше една милијарда симнувања и стотици милиони корисници, но нејзината популарност почна да опаѓа со појавата на Вотсап, Фејсбук Месинџер и Зум.
„Мајкрософт“ го редизајнираше Скајп во 2017 со додатоци што доста наликуваа на ривалскиот Снепчет, од што корисниците не беа задоволни. Тимс го презеде приматот во пандемијата на ковид-19, кога луѓето ги префрлија своите деловни и приватни активности на интернет.
Најавувајќи го згаснувањето на Скајп, „Мајкрософт“ им понуди две опции на корисниците: целосно да се префрлат на Тимс сосе сите контакти и четови или да ги експортираат сите свои податоци од Скајп, што ќе биде возможно до јануари 2026.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СКАЈП ЗГАСНА ДЕНЕСКА, СВОЕВРЕМЕНО ИМАЛ СТОТИЦИ МИЛИОНИ…
По 22 години поврзување луѓе низ целиот…
Microsoft преговара за преземање на TikTok
Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека Microsoft…
Крах: Паднаа Фејсбук, Инстаграм, Месинџер…
Фејсбук, Месинџер и Инстаграм, апликациите на Мета…
Руски хакери го нападнаа Мајкрософт
Mајкрософт вчера објави дека група спонзорирана од…
Кинески хакери упаднаа во „Мајкрософт“, реагираше Стејт…
Кинеските државни хакери од мај тајно пристапувале…