Скопјанец се заканувал на жена дека ќе ги испрати нејзините експлицитни фотографии на семејството ако не му даде пари и не прифати сексуален однос со него
Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од слобода по пријава од 29-годишна жена дека ѝ се заканувал со испраќање интимни фотографии до членовите на нејзиното семејство доколку не му даде пари и не стапи во сексуален однос со него.
Според Министерството за внатрешни работи, приведувањето се случило на 5 ноември во 9:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, по претходно пријавен случај.
Жената пријавила дека Љ.С. (36) се заканувал дека ќе ги испрати нејзините фотографии со експлицитна содржина до нејзиното семејство доколку не ги исполни неговите барања.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец се заканувал на жена дека ќе…
Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од…
Малолетничка нападната од својот вонбрачен партнер и…
На 05.11.2026 во 20:00 часот во ОВР…
Два притвори, еден куќен притвор и мерки…
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство…
Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште
МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…
МВР: За само пет дена 25 пријави…
Во периодот од 1 до 5 ноември,…