Скопје најзагаден град во Европа: Струмица и Кичево меѓу најзагадените во Македонија
Оваа глетка ги пречека утрово граѓаните во речиси целата земја, кога излегоа од своите домови. Македонија повторно се гуши во смог. Скопје утрово се најде на второто место во Европа на листата на градови со најзагаден воздух, веднаш зад Сараево. Според податоците на швајцарската апликација „Ај Кју Ер“, индексот на загаденост во Скопје во 10 часот достигна 154, што значи нездрав воздух и сериозен ризик по здравјето на граѓаните. Екологистите велат дека загадувањето е присутно преку цела година, а не само во зима. Татјана Стојановска од невладината О2 вели дека ништо од договореното лани, надлежните од град Скопје не исполниле.
Ништо подобро не е ниту во останатите градови во земјава. Лош воздух дишат и граѓаните на Битола, Велес, Кичево, Куманово, Тетово, Охрид, Струмица. Ова го констатира и новата апликација на Министерството за животна средина, која од денеска функционира. Само во првите 17 денови од декември, во Струмица, Кичево и Лисиче биле регистрирани 13 дена со надминување на дозволените вредности на ПМ10 честичките. Во Центар и Гостивар загадувањето траело 12, а во Велес и Кавадарци 11 дена. Лекарите предупредуваат дека ваквиот воздух може да предизвика сериозни здравствени последици, особено кај хронично болните, децата и повозрасните.
Концентрацијата на ситните ПМ2,5 честички, кои продираат длабоко во белите дробови и можат трајно да го оштетат здравјето, е далеку над препорачаните граници на Светската здравствена организација. Зимата дополнително го влошува проблемот поради користење нечисти горива за греење, но и поради согорување отпад, пластика и гума од страна на граѓани кои немаат други финансиски опции. Индустријата, градежништвото и сообраќајот остануваат меѓу најголемите загадувачи. Од Владата денеска без одговор што ќе се преземе за подобрување на состојбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје најзагаден град во Европа: Струмица и…
Оваа глетка ги пречека утрово граѓаните во…
Силен арктички бран ќе ја погоди Европа…
Непосредно пред Божиќ, нè очекува нов почеток…
Путин тврди дека Русија ќе ги постигне…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
За еден ден 47 пријави за корупцијата…
Опозициската СДСМ објави дека само за еден…
Еди Рама со жестоки критики до министрите…
Лидерот на албанските владејачки социјалсти и актуелен…