За еден ден 47 пријави за корупцијата на платформата МИЦКО, објави СДСМ
Опозициската СДСМ објави дека само за еден ден имало 47 пријави за корупција на платформата МИЦКО што тие ја креираа.
„47 различни пријави за само еден ден на платформата МИЦКО. Македонија се крена против корупцијата. Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и документи на нашата дигитална платформа за борба против корупција и криминал МИЦКО“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.
Кузеска посочи дека досега пријави има од различни општини, од Охрид, од Штип а има и некои многу интересни информации за Скопје.
„Сите овие информации, документи, докази, ќе бидат анализирани, документирани и ќе ја информираме јавноста за секој можен случај. Заедно сме во оваа борба против корупцијата и криминалот на власта“, потенцираше Кузеска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…