Скопје памети, 63 години од катастрофалниот земјотрес
Скопје денеска одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени.
Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел.
Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници на Град Скопје, во рамки на централното комеморативно чествување посветено на жртвите од трагедијата.
Вечерната програма ќе започне во 19:30 часот во Музејот на град Скопје со отворање на изложбата „63 години – Скопје ‘63“, чиј автор е Зоја Богдановска, кустос советник и историчар. Поставката преку автентични фотографии и архивски материјали ги прикажува првите часови по земјотресот, сведоштвата на преживеаните и напорите за спасување, ставајќи ги во фокус човечките приказни и емоции од денот што засекогаш го промени градот. Изложбата ќе стане дел од новата постојана поставка во музејот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје памети, 63 години од катастрофалниот земјотрес
Скопје денеска одбележува 63 години од катастрофалниот…
Трамп: Ако не добиеме сè што сакаме,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…
По кражбата на енергетската инфраструктура за железница,…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ќерката на Сашка Стојановска откри што точно…
46 годишната македонска државјанка Сашка Стојановска е…
Германскиот индустриски сектор секој месец се губи…
Индустрискиот сектор во Германија губи околу 15.000…