Објавено на:

Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во крвта

t

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец.

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата “Христо Татарчев” во Кисела Вода.

Иако бил свесен дека поради неговото однесување во сообраќајот може да настапи штетна последица, се согласил со нејзиното настапување. Со возилото преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и со предниот лев страничен дел од автомобилот удрил во возило “Фиат стило“ кое доаѓало од спротивна страна. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од автомобилот „Фиат стило“.

Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – привремено одземање на возачката дозвола на осомничениот и забрана за издавање нова. Предлогот е поднесен, пред се поради потребата осомничениот да не се јавува како учесник во сообраќајот со моторно возило најмалку до завршување на кривичната постапка против него, имајќи предвид дека како последица на неговите дејствија во сообраќајот е настаната последица, односно се предизвикани телесни повреди кај едно лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…

40 годишен скопјанец е лицето кое шеташе…

Дел од медиумите денеска објавија фотографија од…

Скопјанец пронајден починат во валандовско

СВР Струмица соопшти дека вчера во 12:00…

Скопјанец ја пријавил за исчезната 31-годишната ќерка

Жител на скопската населба Аеродром вчеравечер пријавил…

Скопјанец со нож им се заканувал на…

На 26.09.2024 во 02.50 часот во Комплексот…