Славески за Н1: Kонтинуирано го следиме работењето на банките, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици
Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен, а Народната банка континуирано ги следи работењето на банките и нивната изложеност на ризици. Ова го изјави гувернерот Трајко Славески за Н1, по наводите во српската и македонската јавност за наводно изнесување пари од „Алта банка“ од Србија кон Скопје и Москва.
„Народната банка континуирано ги следи работењето на банките, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици и презема соодветни мерки во рамките на своите надлежности секогаш кога е потребно“, изјави Славески.
Гувернерот нагласи дека самиот пренос на пари од една земја во друга не укажува нужно на сомнителна активност. Според него, прекуграничните финансиски текови се вообичаен дел од економското работење, преку плаќања кон странски добавувачи, банкарски трансакции за клиенти и вложувања на домашните и меѓународните пазари.
„И нашата земја бележи приливи и одливи на капитал, вклучително и оние што се остваруваат преку портфолио-инвестиции во странство“, наведе Славески.
Тој додаде дека Народната банка на Србија веќе се огласила за наводите, поради што македонската централна банка не би коментирала непроверени тврдења за банкарскиот систем на друга држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Славески за Н1: Kонтинуирано го следиме работењето…
Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен,…
За аферата со очната установа: Болницата реагира…
Судија на претходна постапка на барање на…
Имавме конструктивна средба, чекаме повратен одговор, кажа…
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско…
Перпарим Бајрами го нарекувал Груби „шефот“, сведочеше…
Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…