Славјанка децидна: Како политичари ние треба да имаме јасна слика што ќе значат чекорите што ги преземаме за иднината на земјата

t

Целосно ја осудуваме руската инвазија на Украина. Македонија заедно со сојузниците во НАТО дава силна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нападот од Русија е повреда на меѓународното право и на човековите права во Украина, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната тркалезна маса во кралскиот институт РУСИ (The Royal United Services Institute) во Лондон, Обединетото Кралство, на тема „Современи безбедносни закани и нивното влијание врз Западниот Балкан“.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска истакнала дека листата на безбедносни закани денес е навистина широка со акцент на  зголемените кибер и хибридни закани. НАТО – Алијансата, посочила таа, е здружена и работи заеднички да ги пресретне сите безбедносни закани.

– НАТО има јасен одговор на сите безбедносни закани – ние ја зголемуваме нашата подготвеност за одбрана и одвраќање и ги поддржуваме меѓународните напори за стабилност и безбедност на глобално ниво, потенцира Петровска.

Според Петровска, во оваа безбедносна ситуација во Европа, сосема е јасно значењето на членството на Северна Македонија во НАТО.

– Како политичари ние треба да имаме јасна слика што ќе значат чекорите што ги преземаме за иднината на земјата. Денес е јасно колкава е важноста на членството на Македонија во НАТО  за безбедноста на граѓаните, и колкаво е значењето на чекорите што Владата ги презеде за да ја реализира оваа стратешка цел, порача Петровска.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Првите Ф-16 пристигнаа во Украина

Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…

Денеска во Министерството за внатрешни работи се…