Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани кои се под привремена заштита во Македонија

t

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот Панче Тошковски и амбасадорката на Украина Лариса Дир.

Како што соопштуваат од МВР, од страна на амбасадорката Дир беа упатени честитки до министерот Тошковски за изборот да раководи со Министерството за внатрешни работи, изразувајќи надеж дека соработката помеѓу двете полиции ќе се интензивира во наредниот период.

Меѓу другото беше побарано да се зајакне билатералната соработка во делот на кризниот менаџмент. Амбасадорката, притоа изрази голема благодарност за украинските граѓани кои се под привремена заштита во нашата земја, со надеж дека нивната заштита ќе продолжи онолку колку што е потребно.
Министерот Тошковски изрази уверување дека привремената заштита ќе продолжи, најавувајќи интензивирање на соработката помеѓу двете министерства преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка, велат од МВР.

На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, особено во делот на осовременување на капацитетите, како и размената на информации, сознанија преку Интерпол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…

Две воздушни цели биле забележани во близина…

(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…

Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…

Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…

Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…

Украина уништи руска воена опрема вредна 70…

Украинските сили уништиле руска воена опрема со…

Само за три дена Украина онеспособи околу…

Украинските одбранбени сили во последните три дена…