„Следната недела очекувам поголемо поевтинување на дизелот и бензините“, рече Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави дека следната недела се очекува намалување на цените на горивата, посочувајќи дека пресметките ќе се направат по завршувањето на анализата на двонеделниот период.
Тој објасни дека акцизите се анализираат на секои две недели и дека во понеделник ќе биде направен просекот за втората половина од месецот, по што ќе се утврдат новите цени на нафтените деривати.
„Добро е што веќе два дена по ред цената на нафтата паѓа. Денеска се стабилизира некаде меѓу 85 и 86 долари за барел, па очекувам следната недела да има поголемо намалување на цените на дизелот и бензините“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека нафтата е берзански производ што сите држави го набавуваат под исти услови, но оцени дека Македонија има најниски цени на дизелот и безоловниот бензин во регионот, а, како што рече, и меѓу најниските во Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Следната недела очекувам поголемо поевтинување на дизелот…
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави…
Германија со промени: Каде се отвораат нови…
Речиси секоја недела има вести за намалување…
Повеќе од 24 часа лет и 23.075…
Компанијата „Ербас“ успешно заврши маратонски тест лет…
Стотици поранешни израелски функционери бараат Трамп да…
Околу 600 поранешни високи израелски функционери испратија…
„Змејови фрлаат оган меѓу облаците“, Макрон вели…
Продолжуваат да се шират пожарите што речиси…