„Следната недела очекувам поголемо поевтинување на дизелот и бензините“, рече Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави дека следната недела се очекува намалување на цените на горивата, посочувајќи дека пресметките ќе се направат по завршувањето на анализата на двонеделниот период.
Тој објасни дека акцизите се анализираат на секои две недели и дека во понеделник ќе биде направен просекот за втората половина од месецот, по што ќе се утврдат новите цени на нафтените деривати.
„Добро е што веќе два дена по ред цената на нафтата паѓа. Денеска се стабилизира некаде меѓу 85 и 86 долари за барел, па очекувам следната недела да има поголемо намалување на цените на дизелот и бензините“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека нафтата е берзански производ што сите држави го набавуваат под исти услови, но оцени дека Македонија има најниски цени на дизелот и безоловниот бензин во регионот, а, како што рече, и меѓу најниските во Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…