Објавено на:

Следната цел на АФД е освојувањето на сојузната власт во Германија

t

„Мојата јасно поставена цел е во многу краток рок значително да ја зголемиме разликата и да достигнеме најмалку 40 отсто на следните сојузни избори“, изјави Алекс Вајдел.

Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, изјави дека партијата по историската победа на изборите во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, сака да освои најмалку 40 отсто од гласовите на следните сојузни избори во Германија.

„Мојата јасно поставена цел е во многу краток рок значително да ја зголемиме разликата и да достигнеме најмалку 40 отсто на следните сојузни избори“, изјави Вајдел.

Таа победата на АфД во Саксонија-Анхалт ја опиша како „историска изборна победа“, наведувајќи дека партијата го постигнала убедливо најдобриот резултат во својата историја, како и најдобриот резултат што која било партија некогаш го постигнала во оваа сојузна покраина, пренесува НТВ.

„Тоа е величествена победа“, изјави Вајдел на прес-конференција во Берлин.

Истовремено, таа остро ги критикуваше Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и германскиот канцелар Фридрих Мерц, оценувајќи дека ниту еден канцелар досега не бил толку непопуларен како него.

Вајдел го опиша Мерц како „голем товар за успешниот развој на Германија“.

Алтернатива за Германија (АфД), предводена од Улрих Зигмунд, убедливо победи вчера на покраинските избори во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 отсто од гласовите, но не освои апсолутно мнозинство.

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на покраинскиот премиер Свен Шулце доживеа тежок пораз и со само 17,2 отсто од гласовите заврши на второто место, покажуваат прелиминарните резултати што изборната комисија ги објави во текот на ноќта.

Според прелиминарните резултати, АфД на неделните избори освоила 43,8 отсто од гласовите – повеќе од двојно во споредба со 20,8 отсто освоени на изборите во 2021 година.

ЦДУ сега освои 17,2 отсто од гласовите, додека на претходните избори имаше 37,1 отсто. За Социјалдемократската партија на Германија (СПД) гласале 9,3 отсто од избирачите, во споредба со 8,4 отсто на претходните избори, пренесува утрово „Билд“.

Според прелиминарните рез„Мојата јасно поставена цел е во многу краток рок значително да ја зголемиме разликата и да достигнеме најмалку 40 отсто на следните сојузни избори“, изјави Алекс Вајдел.

Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, изјави дека партијата по историската победа на изборите во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, сака да освои најмалку 40 отсто од гласовите на следните сојузни избори во Германија.

„Мојата јасно поставена цел е во многу краток рок значително да ја зголемиме разликата и да достигнеме најмалку 40 отсто на следните сојузни избори“, изјави Вајдел.

Таа победата на АфД во Саксонија-Анхалт ја опиша како „историска изборна победа“, наведувајќи дека партијата го постигнала убедливо најдобриот резултат во својата историја, како и најдобриот резултат што која било партија некогаш го постигнала во оваа сојузна покраина, пренесува НТВ.

„Тоа е величествена победа“, изјави Вајдел на прес-конференција во Берлин.

Истовремено, таа остро ги критикуваше Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и германскиот канцелар Фридрих Мерц, оценувајќи дека ниту еден канцелар досега не бил толку непопуларен како него.

Вајдел го опиша Мерц како „голем товар за успешниот развој на Германија“.

Алтернатива за Германија (АфД), предводена од Улрих Зигмунд, убедливо победи вчера на покраинските избори во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 отсто од гласовите, но не освои апсолутно мнозинство.

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на покраинскиот премиер Свен Шулце доживеа тежок пораз и со само 17,2 отсто од гласовите заврши на второто место, покажуваат прелиминарните резултати што изборната комисија ги објави во текот на ноќта.

Според прелиминарните резултати, АфД на неделните избори освоила 43,8 отсто од гласовите – повеќе од двојно во споредба со 20,8 отсто освоени на изборите во 2021 година.

ЦДУ сега освои 17,2 отсто од гласовите, додека на претходните избори имаше 37,1 отсто. За Социјалдемократската партија на Германија (СПД) гласале 9,3 отсто од избирачите, во споредба со 8,4 отсто на претходните избори, пренесува утрово „Билд“.

Според прелиминарните резултати, АфД повеќе од двојно го зголеми својот удел во гласовите – од 20,8 отсто во 2021 година на 43,8 отсто, што е најдобар резултат што една партија го постигнала на покраински избори во Германија во последните десет години.

Излезноста била 77,8 отсто, во споредба со 60,3 отсто во 2021 година, што е највисока излезност во Саксонија-Анхалт од обединувањето на Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следната цел на АФД е освојувањето на…

„Мојата јасно поставена цел е во многу…

Предупредување за невреме во Македонија

Македонија денеска ќе биде под влијание на…

Виткоф: Постигнат е значаен напредок во преговорите…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп,…

Ајфеловата кула под клуч: Штрајк откако работничките…

Ајфеловата кула во Париз беше затворена во…

Трамп го присвои Северниот Атлантик, Исланд упати…

Министерството за надворешни работи на Исланд го…