Објавено на:

Словачка: Додека Западот се двоуми ние дониравме воена опрема во Украина

t

Словачка и покрај двоумењето на Западот за донација на воена опрема на Украина, сепак и донираше моќен систем за ракетна одбрана С-300 на украинските сили за да помогне во одбраната од руската агресија. Ова го изјаваи словачкиот премиер Едуард Хегер, пренесе Ал Џезира.

„Можам да потврдам дека Словачка донираше ракетен систем С-300, врз основа на нивното барање да им помогне во самоодбрана“, рече Хегер.

Во меѓувреме украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, на неколку пати ги повикуваше земјите членки на НАТО да му го дадат на Киев сето оружје што му е потребно во неговата битка со руските сили, додека неиспровоцираната инвазија на Владимир Путин врз Украина влезе во седмата недела на 7 април.

Инаку, системот С-300 е противракетен систем произведен во СССР, а функционира и денес. Словачка наследи еден таков систем по распадот на Чехословачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…

Путин му одговори на Трамп: Животот на…

Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот…

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе…

Членството на Украина во НАТО повеќе не…

ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…

Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…

Путин во воена униформа ја посети областа…

Рускиот претседател Владимир Путин го посети командниот…