Словачка: Додека Западот се двоуми ние дониравме воена опрема во Украина
Словачка и покрај двоумењето на Западот за донација на воена опрема на Украина, сепак и донираше моќен систем за ракетна одбрана С-300 на украинските сили за да помогне во одбраната од руската агресија. Ова го изјаваи словачкиот премиер Едуард Хегер, пренесе Ал Џезира.
„Можам да потврдам дека Словачка донираше ракетен систем С-300, врз основа на нивното барање да им помогне во самоодбрана“, рече Хегер.
Во меѓувреме украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, на неколку пати ги повикуваше земјите членки на НАТО да му го дадат на Киев сето оружје што му е потребно во неговата битка со руските сили, додека неиспровоцираната инвазија на Владимир Путин врз Украина влезе во седмата недела на 7 април.
Инаку, системот С-300 е противракетен систем произведен во СССР, а функционира и денес. Словачка наследи еден таков систем по распадот на Чехословачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…