Смеење до солзи – “СДСМ го откри добро криениот проект Скопје 2024”: Ќе се градат базен “Дора Бакојани” во Битола и аеродром “Александар Вучиќ Велики” во Куманово?

t

На сатиричната платформа “Кооперација” постојано се објавуваат комични текстови како коментар на секојдневните случувања во државава.

Во еден таков текст авторот “ЗСтефановски” напиша дека со откривањето на споменикот на УЧК во Слупчане, СДСМ го откри долго криениот план за проектот “Скопје 2024”, пандан на Скопје 2014.

Целиот текст во продолжение:

Битно се гради!


Владата на СДСМ денеска го откри добро чуваниот план наречен “Скопје 2024”! Имено, инспирирани од проектот “Скопје 2014”, владата на СДСМ го најави овој архитетско-културолошки проект, кој за разлика од оној на ДПМНЕ ќе се прошири низ целата територија на нашата земја.

“Добро, пробавме да глумиме скромни. Пробавме да скриеме. Ама ете, време беше да се открие тајната! Планираме проект наречен “Скопје 2024”, а клубот “Ванчо Михајлов” во Битола и споменикот на УЧК во Слупчане беа само почеток на овој проект. Планираме да отвориме уште неколку клубови и да изградиме уште неколку споменици низ целата наша држава со цел да се слави историјата на нашите соседи. Целта е градење на мостови!” – изјави Димитар Ковачевски.

Беше откриено дека по проектите во Битола и Слупчане, владата ќе отвори и “Клуб Мавровски Работници” во Маврово, споменик “Пенкало со коњ” во Скопје, “Базен Дора Бакојани” во Битола, “Аеродром Александар Вучиќ – Велики” во Куманово, а се планира и градење на споменици кои ќе ги одбележи најголемите успеси на УЧК од миротворната специјална акција од 2001.

Браво! Битно се гради! И тоа мостови. 

Провербријални, а не вистински.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…