Објавено на:

Снежна бура во Србија: Белград речиси парализиран, вонредна состојба во повеќе општини

t

Обилниот снег што непрекинато паѓа од синоќа предизвика сериозни проблеми низ цела Србија, а состојбата е особено критична во Белград, каде што градот утрово беше речиси целосно парализиран. Граѓаните сведочат дека голем дел од улиците се нерасчистени, јавниот превоз функционира со значителни прекини, а такси возила речиси и да нема.

Снегот го доведе до колапс градскиот сообраќај уште од првите утрински часови. Тролејбуските линии сообраќаат ретко или воопшто не функционираат, поради што граѓаните со часови чекаат на постојките или бараат алтернативни начини за да стигнат до работа. Според сведоштва на жители, патување кое вообичаено трае околу 40 минути, денес траело и до час и половина, а дел од вработените се откажале и се вратиле дома поради доцнењето.

Посебно проблематична е состојбата во населбата Жарково, каде што и денеска дошло до сообраќаен застој откако автобус се заглавил на нерасчистен коловоз и го блокирал сообраќајот. Слични ситуации се пријавени и на други локации низ градот, а граѓаните реагираат дека и главните сообраќајници во населбите не се соодветно исчистени.

Поради лошите услови на коловозите, дел од автобусите сообраќаат по изменети траси. Надлежните служби информираат дека одредени линии се скратени или пренасочени, додека патниците се повикуваат редовно да ги следат информациите и да покажат трпение додека трае расчистувањето.

Снегот создаде проблеми и надвор од главниот град. Поради снежните врнежи, вонредна состојба е прогласена во општините Осечина, Лозница, Владимирци, Крупањ, дел од територијата на Пријепоље и во Мали Зворник. Во исто време, најизразени проблеми со снабдувањето со електрична енергија се регистрирани во Колубарскиот, Мачванскиот и во делови од Златиборскиот управен округ.

Од ЈП „Путеви Србије“ информираат дека Зимската служба е целосно ангажирана и дека се вложуваат напори за одржување на проодноста на патиштата и навремено информирање на јавноста. На државните патишта од втор и трет приоритет, коловозите се претежно влажни, а снег има местимично, во расквасена состојба, со дебелина до пет сантиметри на голем дел од територијата на земјата.

Надлежните апелираат на зголемена внимателност при возење, прилагодување на брзината на условите на патот и следење на официјалните соопштенија, со оглед на тоа што снежните врнежи продолжуваат и во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снежна бура во Србија: Белград речиси парализиран,…

Обилниот снег што непрекинато паѓа од синоќа…

Утрово најстудено на Попова Шапка, снегот достигна…

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде…

Студентите во Србија најавија нов протест во…

Студентите од факултетите во Нови Сад најавија…

Снег со среден интензитет на Попова Шапка,…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Хрватска ги отфрли обвинувањата на Вучиќ за…

Хрватска ги отфрли обвинувањата од српскиот претседател…