Утрово најстудено на Попова Шапка, снегот достигна 31 см!

t

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени.

Веднаш потоа е -3 степени во Куманово, -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Mаврови Анови, 0 степени има во Крива Паланка, Штип, Велес, Kрушево, 1 во Тетово, Охрид, Виница, 2 во Претор, Кавадарци, 3 во Демир Капија, 4 во Прилеп, Берово, 5 во Битола, Струмица и 7 степени во Гевгелија.

Најмногу дожд има во Крушево каде за 24 часа се измерени 55 l/m2.

52 l/m2 има во Охрид, 48 во Претор, 39 Маврови Анови, 35 Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, 16 Штип, Виница, Струмица, 15 Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, 12 Скопје-Петровец, Пожар-Радовиш, 8 Кавадарци, 6 Демир Капија.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде снежната прекривка е измерена 31 см, а тука е и Крива Паланка со само 2 см.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец (над 60 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поларен бран со снег го погоди Нов…

Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд,…

Снег завеа во делови од Балканот

Ненадејните снежни врнежи на Златибор кон крајот…

(Видео) Делови од Бугарија под снег

Делови од Бугарија се разбудија со снег.…

2,5 метри снег наврна на планина во…

Иако календарски веќе започна пролетта, олимписката планина…

Снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…