Собранието му дозволи на ЕСМ да се задолжи 25 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните

Собранието во рамки на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 103-тата седница едногласно со 89 гласа „за“ го донесе Законот за државна гаранција на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента I: Ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и АД ЕСМ. Со Законот се овозможува државната енергетска компанија да добие заем од 25 милиони евра од Кредитната банка за обнова – КфВ.
Рокот на отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од пет години. Каматната стапка ќе се утврдува одделно за секоја транша од заемот при нејзино повлекување. При повлекување на секоја наредна транша се пресметува пондерирана просечна каматна стапка и истата ќе се применува на повлечениот износ од заемот. Заемот ќе се отплаќа во полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 30 јуни и 30 декември
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието му дозволи на ЕСМ да се…
Собранието во рамки на попладневниот дел од…
Пешевски: И тоа како сметам дека кај…
Адвокатот Драган Пешевски смета дека кај пратениците…
ЕСМ вчера произведе доволно за дома и…
АД ЕСМ вчера произведе 18.543 мегават часа…
ЕСМ продале 330 MWh електрична енергија изминатото…
АД ЕСМ на 13.01.2023 година произведe 18.835…
Ковачевски се пофали: ЕСМ произведува 26,7% повеќе…
Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски…