Собранието во понеделник ќе го потврди новиот министер за здравство
Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник ќе се најдат пред пратениците.
Својата 54-та седница во овој состав Собранието ја закажа за понеделник во 11 часот, а пратениците ќе расправаат за предложените имиња на овие функции.
Поранешниот министер за информатичко општество и државна администрација, Азир Алиу, е предложен за министер за здравство, додека за испразнетата заменичка функција во МЗШВ е предложен Албрим Хоџа. И двајцата кандидати доаѓаат од „Вреди“, каде членуваше и досегашниот министер за здравство, Арбен Таравари, кој реши да премине во опозиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
ГЕРБ собира потписи за оставка на претседателката…
ГЕРБ собра 39 од потребните 80 потписи…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…