Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги спречуваат граѓаните да уживаат во кејот на Вардар: НЕ ПОДДРЖАА редовно одржување и разубавување на кејот

t

Мнозинството на советници во Советот на Град Скопје дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не поддржаа одржување, расчистување и разубавување на кејот на реката “Вардар”.

Со 8 гласови за, без гласови против и без воздржани, НЕ беше понесена предлог одлуката за давање согласност за изменување на програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, расчистување на дивите депонии на подрачјето на Град Скопје.

Директорот на ЈП Улици и паришта, Саити објасни дека неодржување на кејот предизвикува лош имиџ за градот… Тој нагласи дека претпријатието го одржува брегот на реката Вардар, каде често се собираат отпадоци, а доколку не се одржуваат редовно се шири лош имиџ.

Сепак советниците од ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржаа предлог одлуката со што попречуваат граѓаните да уживаат во чист и уреден кеј на реката Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен крадец: Преку балкони влегувал во станови…

Денеска (22.07.2024) од страна на полициски службеници…

Засилено полициско присуство во Скопје

Во текот на изминатата вечер (19/20.07.2024) во…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје,…

Три каснувања од кучиња скитници во Скопје…

Три каснувања од кучиња скитници се пријавени…