Советниците од Општина Карпош земале 100.000 евра хонорар

t

Општина Карпош, преку официјалната Фејсбук страна на општината денеска сподели соопштение за јавноста во кое се демантира дека во Вале 2 биле вцртани објекти на државно земјиште и на зелени површини.

Го пренесуваме соопштението на Општината во целост:

“Комисијата за урбанизам, и стручните служби на Општина Карпош се згрозени од енормното количество на лаги искажани во соопштението на советничката група на Левица – Карпош кои без ни малку одговорност и обврска кон граѓаните, наместо да ги информираат, ги дезинформираат дека со деталниот план за Влае 2 биле вцртани објекти на државно земјиште, дека биле зголемени висини, дека наводно било намалено зеленилото, и што уште не…

Комисијата за урбанизам и стручните служби на Општина Карпош, наместо 10 дена јавна анкета, како што е согласно законот, во интерес на граѓаните на Влае 2 го стави на увид урбанистичкиот план 30 дена. Целта е населението од овој дел на општината во мирна атмосфера во подолг временски период да може да ги анализира сите детали, а особено оние што имаат имот во овој дел на општината како и оние што таму живеат, но и да имаме доволно време, да ги објасниме лагите на поединци и политички партии кои се обидуваат на најдолен начин, со лаги, ако можат да заработат некое евтино политичко поенче.

Вистината е следнава:

1. Нема ниту еден објект вцртан на државно земјиште (секој објект во овој урбанистички план е приватна сопственост или тече постапка за денационалнизација).

2. Нема зголемување, туку намалување на габаритите и висините на одредени објекти, освен на маркицата на улица Сливовска каде со претходните планови било предвидено два индивидуални објекти П+2+ПК, а сега е вцртан само еден објект П+3 (наместо два, еден објект). Маркицата помеѓу улиците Адолф Циборовски и Вангел Дину е намалена со цел да се зголеми количината на зеленилото, а истата постои со два претходни урбанистички планови.

3. Нема ниту еден објект вцртан во зеленило.

4. Нема намалување на зеленилото, туку напротив, има зголемување на зелени површини, затоа што на местото на катната гаража која беше предвидена кај Порта Влае, помеѓу улиците Есперанто и Адолф Циборовски, со новото урбанистичко решение сега е предвидено да има парк.5. Спортските терени кој ги изгради токму Општина Карпош и кејот на реката Вардар и натаму ќе бидат едни од најубавите катчиња во Скопје без било какви измени градби или било каква инфраструктура.

Урбанистичкиот план за Влае 2 се носи за да им служи на граѓаните, да можат да си го откупат земјиштето (за оние што не го откупиле), да доградат и надградат, како и да се обезбеди социјална инфраструктура (две детски градинки) во кои ќе бидат згрижени токму децата од УЗ Влае 2.Во овој урбанистички план нема ништо спектакуларно ниту било што ново кое е спротивно на интересите на граѓаните или пак нешто што не постоело со претходните урбанистички планови.

Од друга страна, сведоци сме како се носат луѓе од други месни заедници, па дури и од други општини да пополнуваат анкети листови со цел да се вознемируваат граѓаните од оваа урбана заедница и да се прикажува искривена слика на незадоволство, со што станува појасна политичката позадина зад која се кријат безидејни, некреативни, и политички субјекти кои освен хушкање и популизам не знаат како да работат за подобрување на животот на граѓаните.

Вработените во Општина Карпош ги информираат граѓаните од Влае 2 дека немаат никаква причина за загриженост.

Истовремено, ги замолуваат советниците кои земаат годишен хонорар од 100.000 евра, пред граѓаните да зборуваат и да ја шират вистината, а не лаги.

Со почит, Општина Карпош, Одделение за односи со јавноста. ” – стои во соопштението на Општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Општина Карпош го изгласа ребалансот…

Во рамки на тринаесеттата седница на Советот…

Делови од Карпош утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре…

Делови од Центар и Карпош утре ќе…

Дел од корисниците лоцирани на потегот од…

СДСМ: Не успеа црното сценарио на ВМРО,…

Не успеа обидот на Христијан Мицкоски заедно…

Делови од 6 скопски општини утре без…

Без електрична енергија утре ќе останат делови…