Објавено на:

Насилник од Карпош ја натепал сопствената сестра, со нож ѝ се заканувал на друга жена

t

Вчеравечер околу полноќ, во скопската општина Карпош бил уапсен насилник кој ја нападнал својата сестра, а потоа со нож ѝ се заканувал на друга жена, соопшти МВР.

„На 20.05.2025 во 23:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Р.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата сестра и агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на Ј.Г.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

За жал, повторно сме сведоци на вандализам…

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

СДСМ бара вонредна седница на Советот на…

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…