Сомнежи за причините за смртта во трагедијата во Кочани: Родителите велат цијанидот не е проверен
Родителите на жртвите од трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“ изразуваат сомнеж дека токсиколошките анализи на надлежните институции не се целосни и бараат дополнителни вештачења за причините за смртта на нивните најмили.
Ова го истакна Александар Наунов, татко на загинато девојче и претседател на Здружението „16 Март 2025 Кочани“, пред почетокот на денешното рочиште во Идризово. Според него, постои можност во телата на жртвите да имало присуство на цијанид, но тоа не е утврдено во досегашните форензички анализи на МВР.
Обдукциските наоди, кои ги користи Обвинителството, ја наведуваат смртта како последица на труење со јаглероден моноксид. Наунов посочи дека овие наоди не вклучуваат целосна токсиколошка анализа за цијанид и други потенцијално отровни гасови, што отвора сомнеж за точноста на заклучокот. Тој додава дека цијанидот се метаболизира брзо и може да предизвика смрт и при ниски вредности, што во голем дел од случаите не е оценето како фатално во официјалните извештаи.
„Државните институции потврдуваат можност за присуство на цијанидни гасови во просторот, но нема јавно достапни докази дека тие биле анализирани во телата на жртвите. Ова создава сериозен медицински и правен јаз меѓу институционалните наоди“, рече Наунов.
Тој нагласи дека три независни наоди од Институтот за хемија МВР-ОФИ потврдуваат ослободување на цијанидни гасови, додека обдукцискиот наод го признава само јаглеродниот моноксид како причина за смрт. Според него, додека не се објават резултатите од сите дополнителни токсиколошки анализи, не може со сигурност да се утврди причината за смртта.
Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на обвинетиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“, како и на правните застапници на трите обвинети фирми. По завршување на воведните зборови, се очекува да продолжи фазата на искази на сведоци на Обвинителството.
Трагедијата се случи на 16 март годинава во Кочани, кога во пожар во клубот загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сомнежи за причините за смртта во трагедијата…
Родителите на жртвите од трагедијата во т.н.…
Можеби го послушале премиерот и се веселеле:…
На 24.12.2025 во 16:21 часот во СВР…
Турција ѝ донираше на Албанија авион „Ербас“…
Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ќе и…
Кац: Израел никогаш нема целосно да се…
„Ќе има значајна безбедносна зона во рамките…
60 проценти покачување на платите за наставниците…
Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат…