Турција ѝ донираше на Албанија авион „Ербас“ вреден речиси 12 милиони долари
Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ќе и го префрли на албанската Влада сопствеништвото на „Ербас А319‑115J“, модифициран авион, вреден 11,9 милиони долари, согласно билатерален договор за грант, како дел од напорите за зајакнување на дипломатските и економските врски меѓу двете земји.
„Според договорот објавен денеска во Службен весник, авионот, регистриран како TC-GVC со сериски број 1002 и произведен во февруари 2000 година, останува сертифициран за летачки операции, објавија албанските медиуми, повикувајќи се на „Туркије тудеј“.
Во билатералниот договор се наведува дека донацијата има за цел да ги зајакне „пријателските односи и блиската соработка“ меѓу Турција и Албанија, првично воспоставени според Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 1992 година, при што двете страни изразуваат желба за понатамошно зајакнување на овие врски преку меѓусебна техничка и одбранбена соработка.
„Договорот ја одразува заедничката посветеност на двете земји за продлабочување на институционалните партнерства во цивилното воздухопловство, одбранбената логистика и пошироките стратешки сектори, а воедно служи и како симболичен гест на поддршка на Турција за напорите на Албанија за регионален развој и интеграција, оценува „Туркије тудеј“.
Авионот на албанската Влада ќе и биде испорачан без никаква финансиска обврска, а Турција ќе ги покрие и трошоците за трансфер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…