Сообраќајна несреќа во Велес – Повредени две Кавадарчанки

t

Две девојки биле повредени во сообраќајна несреќа синоќа, кај спортската сала „Јасмин” во Кавадарци, потврдија утрово за МИА од СВР Велес.

Сообраќајката се случила околу 18 часот. Се работело за патнички автомобил, управуван од 42 годишна кавадарчанка. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила 24 годишна кавадарчанка, која била пренесена на скопските клиники. Две години помлада девојка од Кавадарци имала телесни повреди и била задржана на лекување во кавадаречката Општа болница.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на полициски службеници од Кавадарци.

Доктор Ратко Грков од Итна медицинска помош Кавадарци, рече за МИА дека според првите медицински согледувања, едната од девојките имала скршеници, а другата повреди на главата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како на филм: Кавадарчанка го убила па…

Полициски службеници од СВР Велес – ОВР…

(Фото) Легенди – Велешани спремни за натпреварот:…

Македонските навивачи и фудбалски фанови ја "разбудија"…

Хорор: Мртвиот маж од Кавадарци бил најпрво…

Првичниот наод од обдукцијата врз телото на…

Млад кавадарчанец повреден откако со возило удри…

Дваесет и двегодишен кавадарчанец изутринава изгубил контрола…

(Фото) Страшна несреќа во Хрватска: Се судрија…

Товарен и патнички воз се судриле вчера…