Сообраќајна несреќа на патот Охрид – Ресен, повредени две лица

t

Сообраќајна несреќа се случила вчера на магистралниот пат Охрид-Ресен, во која се повредени две лица.

– На 28-ми април 2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(31) од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала Н.С.(45) од Ресен. Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека Н.С.- возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…