Сообраќајот се одвива по влажни коловози, слаб снег на Шапка

t

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пренасочување на сообраќајот кај Кривогаштани и Мало…

ЦУК: планирано е пренасочување на сообраќајот кај…

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…

Трупа снег на Копаоник

На Копаоник се измерени три сантиметри снег,…

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија…

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани…

Ништо од пролетта: Очекувајте снег на повисоките…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…