Сопственикот на барот каде загинаа 40 лица, излезе од притвор со гаранција од 200.000 швајцарски франци
Сопственикот на барот во швајцарскиот ски центар Кран Монтана, во кој загинаа 40 лица во пожар за време на новогодишна забава, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот.
Жак Морети е пуштен на условна слобода, соопшти судот во Сион, во швајцарскиот кантон Вале.
Морети мора да ги предаде личните и патните документи, нема право да ја напушти земјата, должен е секојдневно да се јавува во полиција и да плати кауција.
Судот соопшти дека на сметката на обвинителството се уплатени 200.000 швајцарски франци, наводно од негови блиски пријатели. Слични услови важат и за неговата сопруга Џесика.
Според првичните истраги, за време на новогодишната забава во барот „Le Constellation“, прскалките ја запалиле пената на таванот, по што пожарот се проширил исклучително брзо.
Во пожарот загинаа 40 лица, меѓу кои и голем број малолетници. Вкупно 116 лица беа повредени, од кои 80 со тешки изгореници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопственикот на барот каде загинаа 40 лица,…
Сопственикот на барот во швајцарскиот ски центар…
Барот во Швајцарија немал систем за гаснење…
Сопствениците на швајцарскиот бар каде загинаа 40…
Повеќе од пет години немало контроли во…
Швајцарските локални власти признаваат дека не спровеле…
Имала само 14 години, ова е најмладата…
Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те…
Исчезнатиот Македонец во пожарот во Швајцарија е…
Македонецот Стивен Ивановски, кој се водеше како…