Имала само 14 години, ова е најмладата идентификувана жртва во пожарот во Кран-Монтана
Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во швајцарскиот алпски центар Кран-Монтана, вклучувајќи и 14-годишно швајцарско девојче кое е најмладата жртва досега, соопшти денеска полицијата.
Многу од жртвите се малолетници, меѓу кои Швајцарци и Италијанци, како и еден италијанско-емиратски државјанин. Меѓу досега идентификуваните се и 18-годишен Романец, 18-годишен Турчин и Французин на возраст од 39 години.
Меѓу 119-те повредени има повеќе од 70 Швајцарци, како и Французи, Италијанци, Срби и мал број припадници на други националности, пренесе ДПА.
Според досегашната истрага, новогодишниот пожар во барот во швајцарскиот скијачки центар бил предизвикан од прскалки кои ја запалиле пената на таванот. Огнот се проширил со огромна брзина.
Инспекторите испитуваат дали биле почитувани прописите за заштита од пожари. Двајцата француски менаџери на барот се под истрага поради сомневање за убиство од небрежност и други прекршоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Швајцарија разгледува такса за странски работници
Швајцарскиот Совет на кантоните, горниот дом на…
Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални
Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали…
Силно невреме ја погоди Швајцарија, град со…
Силно невреме проследено со град погоди делови…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…