Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме и пријавувавме!

t

Семејното насилство во станот каде што се случи трагедијата траело со години и било јавна тајна меѓу станарите, тврди сосетката Тања Спировска за Канал 5.

Таа вели дека повеќепати пријавувала во полиција.

Според неа, малтретирањето траело најмалку две до три години, а тепачките и викањето се слушале низ целата зграда.

„Колку што знам, тоа трае сигурно две-три години. Секојдневно ја тепаше. Се слушаа гласови, тие се на друга вертикала од мене, ама ако сум јас на трети, а тие на шести кат, сите комшии слушаа. Имаше викање од девојчето – ‘немој тато, мама ќе ја убиеш’, се фрлаа столици, имаше плачење“, раскажува Спировска.

Таа додава дека жртвата ретко излегувала надвор, а кога ќе се појавела, според неа, се забележувале траги од насилство и се чувствувал срам пред соседите.

Спировска вели дека лично неколкупати го пријавила случајот. Двапати, како што посочува, дошла полиција. Првиот пат никој не отворил врата, а вториот пат интервенцијата била поинтензивна.

„Еднаш проверија, мислеа дека е станот над мене, никој не отвори. Вториот пат полицијата беше поерогантна, лупаше по сите врати, беше околу 22:30 навечер. Наредниот ден отидов во станица и им реков – сите знаеме кој стан е, сите знаеме што се случува“, вели таа.

Во комуникација со соседите, како што додава, им порачала дека пријавата е поднесена од неа и дека, доколку е потребно, повторно ќе реагира и тоа со специјалци. Сепак, од институциите ѝ било кажано дека без пријава од самата жртва, нивните можности се ограничени.

„Ние пријавуваме, ама таа после се откажува. Ни велеа – мора таа да пријави. А што ако сите ние станари пријавуваме? Дури и управителот имал пријава, затоа што го скршил лифтот, ја удирал во него. Не успеавме да го спречиме, не успеаја ни институциите, бидејќи тврдеа дека не можат да постапуваат само по наша пријава“, нагласува Спировска.

Таа смета дека е неопходна законска измена со која институциите ќе имаат обврска да реагираат и без формална пријава од жртвата, особено кога станува збор за случаи во кои има малолетни деца.

„Насилството е проблем во државата – без разлика дали се работи за деца, возрасни, жена или маж. Треба да се смени нешто во законот, да не мора тепаниот да пријави за да има реакција. Особено кога станува збор за дете од шест години кое две години гледало тепање“, вели таа.

На крајот, Спировска оценува дека, дури и доколку случајот формално се третира како самоубиство, според неа станува збор за „присилено самоубиство“ како резултат на долгогодишно насилство, нагласувајќи дека очекува целосна истрага и одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години,…

Семејното насилство во станот каде што се…

(Видео) Филипче по обраќањето на Руте: Членството…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето…

Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни…

Последниве денови гледаме колку е важно сите…

Тошковски: По усна наредба од слобода е…

Пред падот од балкон на Ивана и…

Еден од најблиските луѓе до Путин: Почна…

Рускиот политички филозоф Александар Дугин по американско-израелскиот…