Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни
Последниве денови гледаме колку е важно сите 32 сојузнички држави, вклучително и Македонија да се здружат, да работат заедно и да обезбедат колективна одбрана на НАТО територијата, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во касарната „Илинден“ од каде се обрати пред припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, пофалувајќи ја улогата на Македонија во Алијансата и нејзиниот придонес кон колективната безбедност.
Во своето обраќање, Руте нагласи дека е импресиониран од ангажманот на земјата како членка на НАТО од 2020 година, потенцирајќи го учеството во копнените сили, поддршката за Украина и посветеноста на одбраната на секој дел од територијата на Алијансата.
– Навистина ми е чест што сум овде. Ви посакувам сè најдобро. Останете безбедни – и чувајте нè безбедни, порача Руте на крајот од обраќањето.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски на Генералниот секретар на НАТО му врачија Големи плакети на Армијата.
Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…
Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…
Гаши од Рокас го прими Извештајот на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…
Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…
Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…
(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…
Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…
По затварањето на Алта банка во Србија…
Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…