Состојба на зголемена готовност во Атина поради ситуацијата на Блискиот Исток
Атина е во состојба на зголемена готовност со цел да реагира во случај на разгорување што би влијаело врз Либан. Атина и Никозија се во координација за евентуална евакуација, пред сè, граѓаните на Грција или на Република Кипар и доколку е потребно и на трети земји, главно од ЕУ.
Во случај да биде побарана помош од Грција за евакуации, првото решение, според „Катимерини“ е грчката фрегата „Кунтуриотис“, која моментално плови покрај брегот на Либан како дел од постојаната мисија на поморските сили под покровителство на ОН, но доколку е потребно, постои можност да се испратат и други воени бродови, како и воздушни средства.
– Земји кои сакаат да ги вратат своите граѓани од Либан и поширокиот регион, како што се САД, Канада, Франција и Германија, очигледно имаат свои супериорни средства и квалитет, доколку бидат потребни дополнителни операции за оваа цел. Сепак, Атина е во директен контакт со сите партнери, особено со Отава, бидејќи многу голем број граѓани со канадски пасоши живеат во Либан. Аеродромот во Атина, како и воздухопловната база Суда се точките каде што авионите (цивилни или воени) што ќе ги користат овие земји, можат да бидат стационирани, како што беше случај во октомври и ноември 2023 година, по масакрите во јужен Израел и почетокот на операциите во Газа, пишува „Катимерини“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бобан Илиоски обезбеди медал на Европското првенство…
Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски го совлада Хрватот…
Грчки „Ејџиан“ ќе ги намали летовите меѓу…
Грчкиот национален авиопревозник Ејџиан, најави дека ќе…
Масовна евакуација на домови и болници поради…
Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…
Состојба на зголемена готовност во Атина поради…
Атина е во состојба на зголемена готовност…
Голем пожар во источниот дел на областа…
Грчките пожарникари од копно и воздух се…