Голем пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина
Грчките пожарникари од копно и воздух се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар во ниска вегетација во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, огнените јазици се во близина на домови и деловни објекти, а преку порака од бројот за итни случаи 112 беа евакуирани жителите на една населба, јави дописничката на МИА од Атина.
Противпожарните сили постојано се зголемуваат, интервенираат над 50 пожарникари со два пешадиски тима и 19 возила и со четири авиони и шест хеликоптери, додека пак силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето.
Неофицијално, пожарот предизвика материјална штета на неколку објекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се судрија два противпожарни хеликоптери во…
Во текот на гаснењето на пожарот западно…
Познат адвокат во Атина до смрт претепан…
Во полн ек е истрагата за смртта…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…