Сојузник на Русија ама ќе продава нафта на САД: Венецуела вели енергенсот нема врска со лојалноста кон Москва

Венецуела е сојузник на Русија, но е подготвена да продава нафта на САД вели министерот за надворешни рабпти на државата.
Министерот за надворешни работи на Венецуела, Феликс Пласенсија, изјави дека Каракас е подготвен повторно да продава нафта на Соединетите држави, а истовремено да остане „лојален“ на Москва.
Пласценија изјави за турската агенција Anadolu во саботата дека нема да биде „чуден однос“ за Вашингтон и Каракас да соработуваат на нафта, бидејќи Венецуела „долго време води нафтен бизнис со Американците“.
Министерот тврдеше дека би било „добро за сите“ ако извозот на енергија од Венецуела во САД се „врати на вистинскиот пат“, додавајќи дека Американците се добредојдени во земјата се додека „го почитуваат суверенитетот“ на Венецуела и го признаваат претседателот Николас Мадуро како „единствен и легитимен шеф на владата на Венецуела“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ на средби со Лавров, Шаленберг, Сијарто…
На маргините на 30. Министерски совет на…
Републиканците најавија гласање на импичмент за Бајден
Републиканците во Претставничкиот дом на САД во…
Јакимовски за тушот од О’Брајан за Мицкоски:…
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на Фејсбук…
Северна Кореја отфрли разговори со „дволичните“ САД
Пјонгјанг ја отфрли понудата за продолжување на…
Невработеноста во Русија достигна историски минимум
Бројот на невработени лица падна под 3%…