Објавено на:

Османи: Со Берлинскиот процес играме на туѓа свадба, со Отворен Балкан играме на своја

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека основата на сите регионални иницијативи е берлинскиот процес, но како тој рече Отворен Балкан е автентична иницијатива на овие земји од западен Балкан кои покажуваат дека е време за овој дел од светот да покаже една нова култура, а тоа е култура на взаемна соработка.

Тој исто така рече дека посакува и другите земји да се приклучат, пред се Косово, но како рече „ние не можеме се мешаме“ во внатрешните работи на други земји.

Како сликовито спореди Османи „со Берлинскиот процес играме на туѓа свадба, со Отворен Балкан играме на своја“.

Тој додаде дека ова е иницијатива базирана на економија, економска соработка за доброто на граѓаните на овие земји и додаде дека оваа иницијатива е поддржана од Европа и од САД, додавајќи дека ЕУ не мониторира преку оваа иницијатива и треба да и докажеме дека можеме да соработуваме меѓусебно.

Исто така во неколку наврати додаде дека оваа иницијатива е под „чадорот“ на берлинскиот процес, и со ова треба да докажеме дека можеме и сакаме да соработуваме заедно, повтори тој.

„Мораме да покажеме политичка зрелост, на Европа и светот“ порача Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…