СО ДВЕ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ БИЛ ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА: Едно од повредените лица е надвор од животна опасност

t

Едно лице со две прострелни рани е донесено вечерва во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ каде му е укажана помош и е пуштено на домашно лекување.

-Вечерва околу 20.15 часот со приватно возило е донесено лице на преглед во нашата клиника. Констатирана е прострелна рана во предел на левото стопало и поголема рана во предел на десната потколеница. Раните се обработени, направени се потребните снимања, преврзани се и е поставена имобилизиција, по што лицето е пуштено на домашно лекување, односно не е задржано, изјавија за МИА од Градската болница.

Како што посочија, досега е донесено само едно лице во оваа клиника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен крадец: Преку балкони влегувал во станови…

Денеска (22.07.2024) од страна на полициски службеници…

Засилено полициско присуство во Скопје

Во текот на изминатата вечер (19/20.07.2024) во…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје,…

Три каснувања од кучиња скитници во Скопје…

Три каснувања од кучиња скитници се пријавени…