Со нож ограбиле бензиска кај Катланово

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело разбојништво.

Двајцата соизвршители на возраст од 25 и 22 години, на 14 јануари во раните утрински часови, со автомобил паркирале во близина на бензинска пумпа на локалниот пат од село Ражаничино кон Катланово. Се маскирале со блузи кои ги прилагодиле како фантомки, со отвори за очите. Со ножеви во рацете им се заканиле на вработените, барајќи да им го дадат дневниот промет на пумпата. На тој начин тие одзеле 7.815 денари и со возилото се оддалечиле од местото во правец кон селото Бадар, каде сопреле со автомобилот, но набрзо биле откриени и фатени од полициски службеници.

-Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат постапката со влијание врз сведоците/оштетените или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, информира ​​Основното јавно обвинителство Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец со оружје ограбил банка: Се бара…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Ограбено казино во Центар!

Денеска (01.06.2024) во 00:07 часот во СВР…

Стружанец ја пријавил сопругата дека го ограбила

Жител на Струга во вторникот лажно ја…

Пожарот кај Катланово делумно ставен под контрола,…

- Имаше опасност по викенд населбата и…

Пожар кај Катланово, го гаснат пожарникари и…

Денеска околу 15.30 часот избувна пожар над…