Со „пежо“ удрил во мотоциклист, го влечел неколку метри и побегнал од местото
На улицата „Рилски Конгрес“ во Скопје вчера се случил сериозен инцидент по претходно недоразбирање во сообраќајот, при што мотоциклист бил повреден, а возачот на автомобилот избегал од местото на настанот.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 23 јуни околу 18:20 часот.
Според пријавеното, по претходна расправија во сообраќајот, лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско. Од ударот, мотоциклистот паднал на коловозот.
Откако се подигнал, возачот на „пежото“, според пријавата, повторно го придвижил возилото и неколкупати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44).
Според информациите од МВР, Г.Н. во еден момент се фатил за предната врата од возилото „пежо“, но автомобилот продолжил да се движи и го влечел неколку метри, по што тој паднал на коловозот. Возачот потоа го напуштил местото на настанот.
Повредениот мотоциклист бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со „пежо“ удрил во мотоциклист, го влечел…
На улицата „Рилски Конгрес“ во Скопје вчера…
165 години од Зборникот на браќата Миладиновци
На 24 јуни 1861 година во Загреб…
Адвокатка од Куманово пронајдена почината во својата…
66-годишна адвокатка од Куманово вчера попладне била…
„Пензиите не се доведени во прашање“ –…
По објавување на ревизорскиот извештај за Фондот…
Електрични тротинети ќе може да возат само…
Во собраниска процедура денеска, пред Интерпелацијата на…