Спасовски на конференција за нелегална сеча на шуми: Заштитата на шумите е примарна глобална тема

t

Денеска (23.02.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на завршната конференција во рамки на проектот „Вертикално спротивставување на нелегалната сеча во Република Македонија“, во организација на Центарот за европски стратегии „Евротинк“, поддржан од Амбасадата на Канада во Белград, во рамки на Канадскиот фонд за локални иницијативи.

„Заштитата на природните материјални добра, независно дали имаат приватна или општествена сопственост, особено денес, кога актуелните дебати за динамичните климатски промени и еколошките предизвици се меѓу примарните глобални теми, не може а да не биде прашање од императивна важност, како на законодавно, така и на институционално ниво во кое и да е модерно општество“, рече министерот Спасовски во своето обраќање пред присутните.

Спасовски нагласи дека заштитата и превенцијата од бесправната сеча на шумите претпочита постоење на концепт, систем, механизми на меѓуинституционално дејствување, потенцирајќи дека трудот на Центарот за европски стратегии „Евротинк“, за овој обемен, детален и истражувачки исцрпен проект насловен како „Истоштени шуми – мапирање на организираниот криминал во форма на бесправна сеча на шуми“, претставува извонредно квалитетен исчекор во насока на заедничко, граѓанско и институционално фундирање на стратешките насоки за квалитетна и ефикасна заштита и превенција од проблемот на бесправната сеча на шумите со кој што, особено во изминативе десетина години државата поинтензивно се соочува.

Според Спасовски, станува збор за криминал којшто ни малку не е наивен, а во насока на тоа говорат и податоците произлезени од конкретни полициски активности во разоткривањето и репресирањето на овој вид кривични дела, според кои за периодот од 2016 до 2021 година, евидентирани се над 64.000 метри кубни бесправно исечена огревна дрвна маса, а проценетата материјална штета изнесува речиси 169 милиони денари.

,,Ако, пак, на овие податоци се додадат и оние со кои располагаат другите надлежни институции, сосема сигурно ќе дојдеме до заклучокот, што впрочем го сугерираат и истражувањата на ‘Евротинк’ – дека имаме работа со криминал што има крајно сериозни последици по зачувувањето на шумскиот фонд, а кому, за жал, му одат во прилог одредени социо-економски општествени фактори“, рече министерот Спасовски, додавајќи дека во посочениот статистички период МВР евидентирало 1.044 кривични пријави поднесени за откриени 1.565 кривични дела, со кои што се опфатени 1.434 сторители.

„За нас како министерство ниту претходно, ниту пак сега постои дилема во делот на подготвеност и отвореност за сите нови идеи, предлози, активности што ќе обезбедат не само поголема заштита на шумскиот фонд, туку и сериозна и сеопфатна превенција од овој облик на криминал или како што попластично го објаснува трудот на „Евротинк“ – еколошки криминал“.

На крајот од своето обраќање министерот Спасовски истакна дека во истражувачко-аналитичката публикација на Центарот за европски стратегии „Евротинк“ се назначени квалитетни насоки за еден мултиинституционален пристап кон проблемот, дадени се стратешки насоки кои можат да бидат од полза во градење на системски решенија за превенирање на бесправната сеча на шумите. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за трагедијата во Стајковци:…

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било…

Никогаш да не се заборави – Бојмацалиев…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…

МВР: Од 8 до 19 часот денеска…

Од 8 до 19 часот денеска ќе…

МВР регистрираше агитирање и нерегуларности за време…

За време на предизборниот молк регистрирани се…

Бојмацалиев: Успеавме МВР да биде МВР за…

Изминатите седум години на Министерството за внатрешни…