Спасовски се пофали со успеси во 2022, уништени биле 10 тони дрога
Запленетата дрога, според министерот Спасовски, на црниот пазар би достигнала вредност од шест милиони евра.
Во 2022 година се запленети над 2,4 тони дрога, од кои во најголем дел станува збор за марихуана, хероин, кокаин, амфетамин, хашиш, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук-профил оценувајќи дека минатата година била успешна во борбата против недозволена трговија со дрога.
Запленетата дрога, според Спасовски, на црниот пазар би достигнала вредност од шест милиони евра.
Сузбиени се 12 организирани криминални групи составени од 51 член. Откриени се над 700 кривични дела, за кои се пријавени над 800 сторители. Тука се и заплените на 20 тони најразлични прекурсори, со цел понатамошно производство на синтетичка дрога“, информира Спасовски.
Според него вредна за споменување е и заплената од еден тон прекурсори на скопскиот аеродром од кои би можело да се произведе амфетамин во вредност од над 50 милиони евра.
„Во делот на недозволена трговија со дрога, во 2022 го имавме и најголемото уништување на запленета дрога досега, вкупно уништени 10 тони дрога“, додава Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Тошковски за случајот со Михаилова: Истрагата…
Три недели по откако Ива Михаилова замина…
„Канал 14“: Во Израел очекуваат Трамп да…
Во Израел проценуваат дека американскиот претседател Доналд…
Венс по изборниот пораз: „Причината поради која…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја посочи…
САД придвижуваат редок разузнавачки авион кон исток,…
Американскиот разузнавачки авион RC-135U „Комбат сент“ е…
Дрекслермајер затвора во Србија, повеќе од илјада…
Германската компанија „Дрекслмаер“, производител на кабелски сетови…