Специјалци во полна воена опрема! Вака беше уапсен хакер во Белград!

t

Д.М.(28) од Белград е уапсен за обид за компјутерска измама бидејќи за да ја зголеми шансата да биде извлечен како добитник на стан во наградната игра „Земи сметка и победи“, креирал скрипта со која автоматски се менува ПФР-броевите на фискалните сметки и нивното временско издавање, а потоа автоматско испраќање на тие сметки до апликацијата на наведената наградна игра.
Припадниците на интервентната единица 92 му „чукале“ на вратата, а штом ја отворил вратата влетале вооружени лица со штитови.

Како што може да се види на видеото на МВР на Србија, членовите на тимот на интервета упаднале во станот на Д.М., кој го пронашле во пижами, го собориле на под и му ставиле лисици на рацете.

Се сомнева дека Д.М се обидел да влијае врз резултатот од електронската обработка на податоците со внесување неточни или лажни податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕБР уапсија избеган затвореник

Денеска (23.07.2024) полициски службеници од ЕВР Центар…

На Ќафасан приведен Србин баран од Интерпол!

На граничниот премин Ќафасан приведен е српски…

Македонски државјанин уапсен во Драч

Полицајците на плажата во Драч го уапсија…

Неколку апсења за дрога во Скопје!

Низа апсења се случиле во текот на…

(Видео) Македонец фатен со 21 килограм амфетамин…

Државјанин на Македонија е приведен поради сомнение…