„Спијте мирно“: Во тек седницата на Советот за безбедност во Вилата Водно
Во Вила Водно попладнево започна седницата на Советот за безбедност, свикана од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на која се разгледува безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
На седницата присуствуваат претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, како и министрите за внатрешни работи, одбрана и надворешни работи, заедно со други членови на Советот и раководителите на безбедносните служби.
Советот за безбедност е највисоко советодавно тело во државата што ги разгледува прашањата поврзани со безбедноста и одбраната и дава предлози до Собранието и Владата. Седниците се затворени за јавноста, освен во случаи кога претседателот ќе одлучи поинаку.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Спијте мирно“: Во тек седницата на Советот…
Во Вила Водно попладнево започна седницата на…
Иран предупредува на „тешки последици“ за САД…
Иранската армија објави дека денеска соборила 10…
Трамп: Иран сака да преговара, јас се…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран…
„Катимерини“: Во кабинетот на грчкиот премиер постои…
Во последно време во Максиму (Премиерската палата)…
Неизвесност од нафтена криза и глобална рецесија?!
Ако конфликтот на Блискиот исток не заврши…