Спортска трагедија – фудбалер почина на теренот откако колабираше

t

Уште една фудбалска трагедија го потресе фудбалски свет, овојпат од Грција дојде информацијата за прераната смрт на 21-годишниот фудбалер, Алесандрос Лампис.

Тој почина на теренот, откако колабира за време на натпреварот на нисколигашот Иуполис против Енормијада.

Лекарите веднаш реагирале и се обидоа да го спасат, но безуспешно.

Како што пишуваат грчките медиуми, возилото за Брзата помош доцнело 20-тина минути, што се наведува како една од причините за големата трагедија.

-Наш Алеко, наш брат и пријател. Си замина така неправедно. Целиот тим и целиот град денеска тагуваат. Нема вистински зборови, само неподнослива болка и кнедла во грлото. Среќен пат во вечноста, Алекара, се збогуваа за последен пат од неговиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис најави избори во Грција во мај

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес, три недели по железничката…

Историска судска победа на македонскиот јазик во…

Центарот за македонски јазик во Грција со…

Заев за признавањето на Центарот за македонски…

Поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук го…

ДОБРА ВЕСТ: Грција официјално го регистрираше центарот…

Центарот за македонски јазик е официјално регистриран во…

Грците направиле промет од 3,1 милијарди евра…

Прометот на пазарот на игри се зголемува…