Спречен шверц на 5.000 штеки цигари вредни девет милиони денари на преминот Богородица, уапсен српски државјанин

t

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, информираа денеска од Царинската управа.

Возачот на камионот, српски државјанин, кој се обидел да ги криумчари цигарите, бил приведен и против него била поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење.

„Со камионот пријавен за транзит од Грција за Србија, согласно приложената документација, биле превезувани градежни материјали – камена волна. При извршената детална контрола, царинските службеници над палетите со пријавената стока откриле 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени“, посочуваат од Царина.

Оттаму порачаа дека со оваа акција Царинската управа ги потврдува своите заложби во сузбивање на нелегална трговија со цигари и спречување на прекуграничен криминал во меѓународни размери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царината спречи обид за шверц на 5.200…

Секторот за контрола и истраги при Царинската…

Тројца Грци краделе парфеми од продажен објект…

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…

Сè уште гужва на границите – се…

Од Авто мото сојузот на Макеодонија информираат…