АМСМ: Отстранета блокадата на Евзони, нормализиран сообраќајот за влез и излез во Грција

t

Од вчера од 21:00 часот блокадата за влез и излез во Грција е отстранета на неодредено време, со што сообраќајот на ГП Евзони ( ГП Богородица ) е нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец од с.Гајре – Попова Шапка и од 100 – 150м. на планинскиот премин Пресека.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

82-годишник почина по кавга за лежалка во…

Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…

Два земјотреси се регистрирани денес во Грција

Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…

Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР…

Еден од најголемите центри за податоци во…

Турција и Грција ја освојуваат Месечината

Турција планира да го испрати својот прв…

Напад од диво животно на Халкидики: Шакал…

Дете на возраст од околу пет години…